
Антонио Милошоски од вчера започнал со работа како нотар, а еве го извадокот од Службен весник којшто потврдува дека Милошоски си нашол резервна позиција во нотарската професија, свесен дека Груевски заминува од политиката, а ВМРО-ДПМНЕ заминува во опозиција, велат од СДСМ.
„Носителот на кандидатска листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5 и еден од најблиските соработници на Груевски напразно лажеше дека решението за нотар наводно му било во мирување и тој наводно останувал со Груевски и со партијата“, стои во соопштението од СДСМ.
„Потегот на Милошоски покажува дека почнаа напуштањата на Груевски и тоа од страна на неговите најблиски соработници. Почнува и живот за граѓаните на Македонија кои гласаа против режимот, за промени во Република Македонија“, додаваат од партијата.





