Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјавил дека шанските тој да заигра на првиот грен слем во сезоната, Аустралијан Опен, се минимални.
Делпо ќе одигхра два егзибициски меча против Давид Ферен на 27 и 28.декември во Мар дел Плата.
„Потребен ми е некој кој ќе ме подоготви за да можам да ја издржам целата сезона. До Аустралијан Опен има уште две недели и тешко е дека физички ќе бидам подготвен. Секогаш ги гледам приоритетите, ако тенисот ме чекаше две години, тогаш Австралија може да ме почека уште една“, рекол Аргентинецот.
Делпо посочил дека веројатно нема да настапи ниту на мечот од првото коло во Девис купот против Италија на почетокот на февруари. Аргентина против Италија ќе ја започне одбраната на титулата во ова натпреварување.