ФИФА: Македонија на 162 место во светот

Македонската фудбалска репрезентација 2016 година ќе ја заврши на 162-та позиција на ранг листата на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Позицијата на која се наоѓа Македонија на ФИФА листата е најлоша во нејзината историја.

Македонскиот репрезентативен фудбал годината ја заврши во долниот дел на ФИФА листата, 162-ро место, а во европски рамки зад Македонија се уште само седум фудбалски нации: Молдавија, Косово, Малта, Лихтенштајн, Сан Марино, Андора и Гибралтар.

Ваквиот пласман се должи на четирите порази во исто толку одиграни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија. Кога ќе се погледне квалификациската група во која се наоѓа Македонија најдобар пласман има Шпанија (10), а најлош Лихтенштајн (189), меѓу нив се Италија (16), Албанија (49), Израел (55).

Годината како прва на листата ќе ја заврши Аргентина, а меѓу најдобрите десет во светот уште се Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај, Шпанија.

Наредната листа ФИФА ќе ја објави на 12.јануари наредната година.