ЛШ: Реал и Роналдо во Лисабон

По тринеделнa пауза, со натпреварите од петтото коло, продолжува фудбалската Лига на шампиони. Во вторник ќе се игра во групите Е, Ф, Г и Х, а најмногу внимание ќе привлечт дуелите Спортинг-Реал и Севилја-Јувентус.

Кристијано Роналдо блескавата кариера ја започна во Спортинг Лисабон, а во вторник со Реал ќе има можност да игра против својот поранешен клуб. Спортинг, во септември одигра одличен меч во Мадрид, до 90 .минута имаше предност 0:1, но во судиското надополнување на времето прими два гола и загуби.

Севилја на „Санчез Писхуан“ ќе го пречека Јувентус и доколку шпанскиот тим не загуби со сигурност ќе го освои првото местов во Х групата. Јувентус во Севилја допатува без Гонзало Игуаин кој поради повреда го пропушта мечот.

Со исклучок на натпреварот во Москва меѓу ЦСКА и Баер Леверкузен кој ќе започне во 18:30 часот, сите останати натпревари стартуваат во редвониот термин од 20:45 часот.

Група Е: ЦСКА-Леверкузен, Монако-Тотенхем

Табела: Монако 8, Леверкузен 6, Тотенхем 4, ЦСКА 2

 

Група Ф: Борусија-Легија, Спортинг-Реал

Табела: Борусија 10, Реал 8, Спортинг 3, Легија 1

 

Група Г: Копенхаген-Порто, Лестер-Бриж

Табела: Лестер 10, Порто 7, Копенхаген 5, Бриж 0

 

Група Х: Севилја-Јувентус, Динамо Загреб-Лион

Табела: Севилја 10, Јувентус 8, Лион 4, Динамо 0.