Петра Квитова ранета во својот дом

Двократната шампионска на Вимблдон, Петра Квитова (26), била нападната со нож во нејзиниот дом во Простјетов, во Чешка.

Британски The Independent пренесува дека тенисерката не е во животна опасност, туку дека се здобила со повреди на тетивата на левата рака.

Инаку, Квитова е леворака тенисерка, препознатлива по разорниот форхенд. Квитова, синоќа, објави дека нема да настапи на Хофман купот, поради повреда на ногата. Се претпоставува дека нападот се случил во текот на ноќта. Мотивите за нападот сé уште не се познати.

Квитова се наоѓа на 11-то место на ВТА листата, а најдобар пласман и е второто место, на кое се наоѓаше пред пет години.