Плачеше цела La Bomboniera, Тевез се збогува со Бока Јуниорс

Карлос Тевез го одигра својот последен меч за Бока Јуниорс. Против Колон на легендарната „La Bombiniera“, тој од навивачите се прости со гол и асистенција.

Победата на Бока Јуниорс над Колон (4:1) не ги направи среќни навивачите, крајот на мечот многумина го дочекаа со солзи во очите на култниот стадион, кои ги предизвика Карлос Тевез.

Популарниот Карлито го одигра последниот меч во дресот на Бока Јуниорс и за неверојатни 79 милиони евра две години ќе игра во Шангај. Овој тим го предводи Густаво Појет, а нови соиграчи ќе му бодат Демба Ба, Фреди Гуарин и Обафеми Мартинс.

Аргентинските медиуми пишуваат дека такво испраќање од стадионот не доживеал ниту најголемиот во аргентинската историја, Деиго Марадона.

Кариерата Тевез ја започна токму во Бока, во периодот 2001-2004 одигра 75 натпревари и постигна 26 голови. Потоа играше за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Минатата сезона го раскина договорот со Јувентус и реши да се врати редовите на саканиот клуб.