Ракометарите започнаа со подготoвките, Червар бара дисциплина и ентузијазам

Селекторот Лино Червар со македонските ракометари, во вторникот, ги започна подготoвките за Светското првенство кое на 11 jануари наредната година ќе почне во Франција.

Драстично подмладениот македонски тим, со 12 дебитанти, првата фаза на подготoвките за настап на Мундијалот ќе ја спроведе во Маврово. Ракометaрите десет дена ќе бидат во овој зимски центар каде најмногу ќе работат на физичката подготвеност.

Во оваа прва фаза Червар на располагање ќе има 22-ца играчи, а подоцна на подоготвките ќе се приклучат Дејан Манасков и Филип Миркуловски, кои ќе доцнат поради обврските кон своите екипи во Бундеслигата.

„Доколу успееме да се пласираме во втората фаза тоа ќе биде голем успех. Играме со Тунис кој не растури во Полска, со Словенија која беше четврта на ОИ, играме со Шпанија која сигурно ќе атакува на медал и Исланд, што значи пласман меѓу четирите во групата ќе биде голем успех. Меѓутоа мораме позитивно да размислуваме. Пред се треба добро да се подготвиме (физички, психички, тактички) да покажеме едно ново лице, да бидеме посилни. Имаме многу дебитанти, што значи дека нема да ни биде лесно на СП. Но не е добро во овој момент да размислуваме за тоа, сега е најважно да се подготвиме добро, да имаме дисциплина и ентузијазам“, изјави пред заминувањето за Маврово македонскиот селектор.

Репрезентацијата на Маврово ќе остане до 30 декември, а по паузата поради новогодишните празници подготовките ќе продолжат во Скопје, за кога се предвидени и контролни натпревари со Босна и Херцеговина.

„Играме три средби со БиХ. Мислам дека тоа е најдобро во овој момент, бидејќи мораме овие млади играчи да ги вклопиме во тимот, значи мора да направиме тим. Јас секогаш говорам дека тимот е најдобриот играч, мора да ја подобриме хемијата помеѓу искусните и младите играчи и сите заедно се бориме“, изјави Червар.

Македонија на СП во Франција натпреваирте ќе ги игра во Мец, а прв противник на стартот е Тунис на 12 јануари. Во групата уште се и Шпанија, Исланд, Словенија и Ангола.

Списокот на Червар за подготвките:

Благојче Трајковски, Даниел Ѓорѓески, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Стефан Дрогришки, Велко Маркоски, Мартин Поповски, Бојан Маџовски, Марко Нелоски, Филип Миркуловски, Мартин Велковски, Ласко Андоновски, Ристо Арнаудовски, Мартин Манасков, Кирил Колев, Јовица Младеновски.