Русите им ги забранија трансферите на Рубин, Динамо, Амкар

Фудбалскиот сојуз на Русија (RFU) на 14 екипи од првата и втората лига, поради финансиски проблеми и ги забрани трансферите на фудбалери.

RFU, во соопштението објави дека се додека клубовите кои се казнети не ги исполнат финансиските долгови (неисплатени плати кон фудбалерите и неплатени даноци) нема да смеат да регистрираат нови фудбалери.

Меѓу клубовите кои се казнети се поранешниот шампион Рубин од Казањ, потоа Крила Совјетов, Амкар од Перм и Том Томск. Најпознат клуб од второлигашите кое е казнет е московски Динамо.

Бројни руски клубови се соочуваат со финансиски проблеми, бидејќи главните приходи им доаѓаат од државните компании и регионалните влади.