Кремљ: Речиси не комуницираме со САД

Кремљ во среда соопшти дека од новата американска администрација не очекува преку ноќ да го одбие ширењето на НАТО и дека се затворени повеќето комуникациски канали меѓу Русија и САД, пренесува РИА.

„Речиси сите нивоа на дијалог со САД се прекинати. Меѓусебно не комуницираме, или тоа го правиме во најмала можна мерка“, рече Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

РИА, пренесувајќи ја изјавата на Песков, наведува дека сѐ уште не се знае дали претседателот Путин ќе се кандидира за изборите во 2018 година.