Нуклеарна скривница во Тирана претворена во музеј и отворена за јавност

Нуклеарна скривница изградена во Тирана за време на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, кој ширум земјата изгради повеќе од 700 илјади бункери, е претворена во музеј и отворена за јавноста овој викенд, пренесуваат албанските медиуми.

Ископан кон почетокот на 80-тите години, бункерот од околу илјада квадратни метри е поврзан со неколку подземни галерии кои поминуваат под главниот град на Албанија.

Живеејќи во параноја од надворешна агресија, Енвер Хоџа, кој со земјата владееше од 1941-та па се до неговата смрт во 1985-та, изгради повеќе од 700 илјади бункери низ цела земја, а некои од нив беа отворени во последните неколку години.