САД ќе ја опремат албанската армија со оклопни возила

САД ќе ја опреми албанската армија со 250 оклопни возила. Минстерката за одбрана на Албанија Мими Кодели информираше дека во наредните десет дека од Америка ќе простигнат првите 78 оклопни возила чија вредност изнесува над 15 милиони долари.

Друге возила ќе бидат испорачани во наредните месеци. Покрај оваа помош за албанската армија, која е членка на НАТО трупите и учествува во повеке мисии на алијансата, помош обезбеди и Италија.

Италија ќе и достави на Албанија пет илјади парчиња на автоматско оружје и друго оружје, чија вредност изнесува околу 10 милиони евра.

Албанската министерка за одбрана Кодели, соопшти дека Собранието на Албанија наскоро ќе усови закон за влез на оружјето во земјата.