Трамп: САД ќе се откаже од Пацифичкиот трговски договор

trump

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека државата ќе се откаже од трговскиот договор за Транс-Пацифик партнерство  и дека тоа ќе биде направено на неговиот прв ден во Белата куќа, пренесуваат светските медиуми.

Трампј ова го објави во видео порака, во која истакна што има намера да направи дента кога ќе ја преземе функцијата во јануари.

Транс-Пацифичкиот трговски договор беше потпишан од 12 земји кои заедно покриваат 40% од светската економија. Трамп, исто така, вети дека ќе ги намали штетните рестрикции за производство на јаглен и дека ќе стави крај на злоупотреби на визите.

Новиот американски претседател не проговорил за  укинување на законите од областа на здравствениот систем, познати како  Obamacare или изградба на ѕид на јужната граница со Мексико, две ветувања кои тој ги даде за време на кампањата, велејќи дека тоа  ќе го стори веднаш штом тој дојде на власт.

Неочекувана победа на Трамп на изборите пред две недели предизвика протести низ САД, потсетува британски БиБиСи.