Во Диселдорф блокиран трговски центар, каде може да се крие осомничениот за нападот во Берлин

Полицијата во Диселдорф спроведе операција во трговскиот центар,каде што, како што се претпоставува бил забележан осомничениот за терористичкиот напад на божикниот базар во Берлин, а властите потврдија дека на службите им бил познат како исламист.

Припадниците на специјалните полициски единици извршиле пребарување во продавниците во центарот на градот, но не се соопштуваат поединости од операцијата, пишува весникот Bild. Според медиумите, операција за пребарување била извршена и во градот Емерих ам-Рајн, за западот до Германија, во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.

Претходно во средата медиумите објавија фотографија од осомничениот. Станува збор за државјанин на Тунис на возраст меѓу 21 и 24 години, идентификуван како Анис А. Се претпоставува дека користел повеќе идентитети и дека поседува неколку пасоши.

Медиумите пишуваа дека на полицијата ѝ бил познат од претходно но по физички инциденти со нанесување телесни повреди, но полицијата не успеала да го уапси.

Меѓутоа, според весникот Sueddeutsche Zeitung, осомничениот бил поврзан со група на исламисти и со проповедникот на радикалниот ислам Абу Валаа. Покрај дозволата за престој, тој подал барање за добивање статус на бегалец во април 2016 година.

Разузнавањето на Германија имало сознанија дека осомничениот за нападот во Берлин е радикален исламист, потврди министерот за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Ралф Јегер во изјава којашто ја пренесуваа германските телевизии.

„Ова лица им било познато на германските разузнавачки агенции поради врските со подземјето на радикалниот ислам. Тој, исто така, се сметал за особено опасен во повеќето безбедносни агенции на Германија, вклучително и во Северна Рајна Вестфалија“, изјави Јегер. Министерот одбил да коментира дали токму Тунижанецот Анис А е тоа осомничено лице.

Во понеделникот вечерта камиони влета во толпата посетители на божикен базар на плоштад во западниот дел на Берлин, при што загинаа 12 а повредени се 48 луѓе. Беше објавено дека шест од жртвите се германски државјани. Германските власти го квалификуваа делото како терористички акт, а во меѓувреме беше ослободен младиот Пакистанец осомничен за нападот, уапсен во близина на местото на трагедијата истата вечер.

Агенцијата Reuters, повикувајќи се на исламистичкиот интернет ресурс Amaq, пренесе дека одговорноста за нападот во германската престолнина го презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.