Во Франција спречен нов напад, седум приведени

Нов напад во Франција е спречен во противтерористичка операција изведена ноќта од саботата кон неделата во Стразбур и во Марсеј, во текот на којашто се приведени седум лица, изјави во понеделникот министерот за внатрешни работи Бернар Казнев.

Претходно во неделата француските медиуми повикувајќи се на безбедносни извори објавија дека во рацијата биле уапсени четири лица.

„Истрагата ќе ги открие улогите на приведените личности и ќе утврди дали спречениот напад бил координиран истовремено да се случи на повеќе места во тој регион“, додаде министерот за внатрешни работи Бернар Казнев без да наведува други поединости.

Седум лица на возраст меѓу 29 и 37 години, од француска, мароканска и авганистанската националност, се уапсени во рамките на истрагата отворена пред „повеќе од осум месец“, изјави  Казнев.

Резултатот од истрагата „овозможи да биде спречена одамна планирана терористичка акција на нашата почва“, додал францускиот министер.

Шест лица од уапсените не им биле познати на разузнавачките служби, а на Мароканецот „чиишто место на престој не било во Франција, укажала земја партнер“, прецизира Казнев.