Анџелина Џоли пропаѓа, лекарските прогнози не се добри

Додека продолжува бракоразводната парница со Бед Пит и борбата за старателство врз децата, Анџелина Џоли, наводно спаднала на само 35 килограми и го загрозила своето здравје.

Како што пишува американскиот таблоид Radar Online, изворите тврдат дека актерката сега изгледа морничаво, така што и докторите се многу загрижени.

„Таа тешко го поднесува разводот. Рацете ѝ се толку тенки што личат на чепкалки за заби, а нејзината тежина драстично опаѓа од ден во ден бидејќи ништо не јаде.“

Изворите на порталот додаваат дека ситуацијата дополнително се влошила сега откако Бред е ослободен од обвинението за насилно однесување кон децата.

Медиумите претходно пишуваа дека Анџелина е под толку голем стрес од семејната драма што спасот го пронашла во цигарите.

„Наместо да јаде, таа пуши цигари една по друга. Пуши најмалку две кутии на ден,“ тврди изворот.