Бакнеж од Џеј Ло за поранешниот сопруг

 

Планетарната ѕвезда Џенифер Лопез крадеше погледи во сексипилни креации на доделувањето на Латино Греми наградите. Популарната пејачка блесна во сексипилните креации од двјцата познати либански дизајнери, Ели Сааб и Зухар Мурад, но исто така внимание привлече и бакнежот кој му го даде на својот поранешен сопруг Марк Ентони.

Мега популарната актерка и пејачка, 47-годишната Џенифер Лопез, ма доделувањето на Латино наградите се појави во проѕирен комбинезон од Мурад, искомбиниран искомбинира со златна чантичка и накит од „Doves by Doron Paloma“.

Популарната Џеј Ло, потоа се пресоблече во златен краток комбинезон со V-деколте од Сааб. Својот втор стилски избор таа го надополни со сандали од Џузепе Ѕаноти.

Џеј Ло која беше специјална гостинка на менифестацијата, потоа му ја додели наградата „Личност на годината“ на својот поранешен сопруг Марк Ентони. Таа упатила многу пофални зборови кон Ентони, кој е татко на најзините две деца, а кога му ја додели наградата го бакнала.

„Марк е жива легенда која ги разголува срцето и душата во текот на неговото музичко патување. Тој е чист и магичен артист кој ни дава класики кои ќе останат со нас засекогаш. Тој секогаш ќе значи многу нешта во мојот живот. Ментор и сродна душа. Огромна чест ми е што му ја предавам наградата Личност на годината на мојата љубов, Марк Ентони“, рекла Лопез.

Џеј Ло потоа имаше настап со својот поранешен сопруг.  Таа за настапот облече бела креација од „La Bourjoisie“, специјално изработена за нејзината изведба, украсена со стотици бисери и кристали. Во својот стајлинг таа додаде обувки од Стјуарт Вајцман и накит од сопствената колекција за „Kohl’s“.