Дневен хороскоп, 24.ноември

Овен

Исполнети сте со оптимизам и елан за работа. Ќе имате нови шанси за некое патување или нови пријателства, а ако сте слободни можеби и некој од нив ќе ве заинтересира , а оние кои се во врска можеби ќе си дозволат флерт. Овој ден ќе биде незаборавен особено за оние Овнови од втората декада. Здравје: одлично сепак не заборавајте да се контролирате во јадењето.

 

Бик

Денес за работите кои ви се секојдневица ќе имате мали потешкотии. Меѓутоа нема да бидат пречка во реализирањето на проектите. Многу од вас ќе мора да прифатат промени кои можат да бидат напорни. Најважно е да проанализирате ситуацијата бидејќи вистинските прилики често не се она што се замислува. Настојувајте да ги препознаете, не ја губете силата во нешто што е веќе исцрпено.

 

Близнаци

Се е мирно, но вие не сте задоволни, зошто не е се онака како што би скакле вие. Изненадувањата кои ќе ви ги подготват пријателите или можеби вашиот партнер ќе ви го поправи расположението. Поради емотивната нестабилност ќе бидете нервозни, па би требало да бидете повнимателни за да не му наштетите на љубовната врска. Посветете си време лично за себе, направете нешто ново со својот изглед или обновете ја гаредеробата.

 

Рак

Искористете ја интуицијата и креативноста на вистински начин доколку сакате да бидете задоволни. Во спротивно ќе си мислите дека убави работи му се случуваат само на другите. Уживајте во општествениот живот и не ја отфрлувајте љубовта од себе. Некој колега се обидува да ве заведи. Зошто да не флертувате? Нема што да изгубите. Здрајето одлично ве служи.

 

Лав

Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се подобруваат. Над сето тоа ќе бидете немирни , незадоволни и склони кон расправи, но околината ќе биде толерантна спрема вашите провокации.

 

Девица

Пред вас е исклучително креативне и успешен ден во секој поглед. Особено ќе ве израдува некоја материјална добивка која не сте ја очекувале. Бидејќи претерувате со работата и во неа вложувате многу сила, кон крајот на денот можна е напнатост. Ќе се ослободите од неа доколку се сетите на саканото суштество и пријателите. Здраствената состојба е нестабилна-можни се воспаленија.

 

Вага

Се обидувате да се дистанцирате од се што бара ваше мислење, а што може да ве доведе во судир со околината. Дали вреди поради тоа да се карате со вашите пријатели и да го раскинувате пријателството. Бидејќи ништо не постигнувате туку само се нервирате, одбирајте неутрални теми за разговор. Имате време и за дружење -особено љубовни. Ви одговара оној астролошки знак кој момнетално се врти околу вас.

 

Скорпија

Малите расправии со претпоставените нема да бидат причина за лошото расположение кое ќе ве прати во текот на денот. Вистинската причина е на друго место и тоа највероватно во љубовта. Односите со партнерот ги заладивте и тоа по ваша вина. Извинете се и обидете се да ја поправите грешката што сте ја направиле. Здравјето, солидно иако можно е да имате мали проблеми со забите или грлото.

 

Стрелец

Стрелеците од првата декада ќе имаат неочекуван пресврт на работен план. На почеток на тоа ќе гледате со недоверба и резерва бидејќи не ќе сакате никакви промени. Сепак најбрзо ќе видите дека има поволни услови за тоа. Финансиската ситуација е одлична. Некои од вас ги очекуваат помали здраствени проблеми кои нема да ви дозволат во целост да се посветите на своите обврски.

 

Јарец

Ќе бидете доста јаки и способни да се справите со денешните проблеми кои ве очекуваат на работното место. Ќе се обидувате набрзина и без многу размислување да го остварите тоа што сте го наумиле без многу обзир кон другите. Во контактите со соработниците бидете тактични и трпеливи. Некои од вас ќе се соочат со вложување во домот кое во моментото е неопходно. Не го оставајте тоа за подоцна, трошоците можат да се зголемат.

 

Водолија

Нема да имате причина за незадоволство, недоверба и стравови. Пред вас е бурен ден во кој можете да ги реализирате повеќето желби, како на работа така и на љубовен план. Особено слободните претставници ќе имаат среќа во љубовта, па затоа бидете подготвени за почеток на една љубовна врска. Оние кои имаат партнер ќе бидат опсипени со комплименти и нежност, а тоа ќе знаат да го возвратат на најдобар можен начин.

 

Риби

Со фантазијата воопшто немате проблеми. Таа навистина е бујна, но никако да тргнете во акција и нешто од тоа што постојаноо ви се врти во главата да почнете да реализирате. Многу мал број припадници на знакот ќе реализираат нешто минимално. Останатите ќе мораат уште долго да го преиспитуваат сопственото однесување и да побарааат одговор. Не заборавајте на вашиот партнер. Му треба внимание.