Кирк Даглас го слави 100-от роденден

Славниот холивудски глумец и продуцент  Кирк Даглас, чии улоги ја обележаа кинематографијата на 20-от век, денес го слави 100-от роденден.

Од почетокот на филмската кариера, 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане познат, меѓу другото, по филмовите „Шампион“, „Копнеж за живот“ , „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеки на славата“ , „Последниот воз за Ган Хил“ , „Спартак“.

Иако беше три пати номиниран за наградата Оскар за главна машка улога во 1950 година за филмот „Шампион“, во 1953 година за улога во филмот „Лоши и убави“ и во 1957 година за филмот „Копнеж за живот“ никогаш не ја доби престижната награда.

Даглас дури во 1996 година му беше доделен почесен Оскар за животно дело.