Музеј на восочни фигури на аукција ги продава сите американски претседатели

Пенсилванискиот музеј на восочни фигури во градот Гетисбург, во кој се изложени ликовите на сите американски претседатели и први дами, поради затворање организира аукција на експонатите, пишуваат американските медиуми.

Салата на претседатели и први дами во музејот во Гетисбург, отворен во 1957 година, до денес според зборовите на сопствениците ја посетиле повеќе од милион луѓе. Музејот ја затвори вратата за посетители на 27 ноевмри.

Колекцијата ја сочинуваат восочни фигури во природна големина, а првите дами се облечени во облеката во која се појавиле на денот на инаугурацијата.

Музејот е сместен во близина на фармата на која живееше 34. американски претседател Двајт Ајзенхауер, по заминувањето од Белата куќа, а денес е национана историска градба.

Аукцијата на восочни фигури ќе се одржи на 14 јануари во хотелот „1863. Inn“’ во Гетисбург.