Тијана забранета на Пинк телевизија

Тијана Дапчевиќ ја смени издавачката куќа, поради што од телевизијата Пинк го забраниле нејзиното појавување во емисиите на телевизијата, објави весникот „Вечерње новости“.

По 15 години соработка Тијана реши од „Сити рекордс“ да потпише договор со „Гранд“ односно нивната издавачка куќа „Поп мјузик“, поради што од телевизијата Пинк го забраниле нејзиното појавување во емисиите на „розевата“ телевизија.

Според истиот извор Тијана донекаде ја разбира одлуката на Пинк, но не се согласува со начинот на кој дознала за ваквата одлука.

Наводно еден од новинарите на Пинк и рекол дека со задоволство би направил интервју но му било кажано неа повеќе да не ја снимаат.