Категорија: Спорт

Академијата “ЗА НЕД ДО” со полна пареа во подготовка за претстојните Светски купови

Академијата “ЗА НЕД ДО”, со полна пареа ги започна подготовките за претстојните Светски купови во боречки вештини, како втората ½ од годината, по меѓународните и регионалните натпревари, во својот фокус ги има Шампионатите од светски карактер.

Викендов, главниот тренер на македонскиот тим, Дијана Неделковска и основачот на академијата, и шеф на македонската делегација, Златко Неделковски го собраа натпреварувачкиот состав, при што направена е ретроспектива на изминатите четири години, со учеството на Светските купови, од кои два се одржаа во Република Грција, во Сер и Атина, а по еден во Република Хрватска, Умаг и Република Германија, Хаген.

Од Светските купови, академијата за боречки вештини, за Македонија, реализирала огромен успех со освоени над 200 медали од Светски шампионати и Светски титули, додека од учеството на меѓународни и регионални натпревари, освоени се над 150 медали.

“Резултатото од вкупно освоени над 350 медали, за период од четири години е нешто што на прв поглед е за воодушевување. И ние сме благодарни на нашиот тим, што во својата реализација, секогаш бил над 100% исполнителен, па скоро на сите натпревари, еден натпреварувач партиципирал во две или повеќе дисциплини. Светот на боречките вештини не познава импровизација, па дотолку повеќе сум горд, што секој освоен медал е резултат на високо квалитетна серија борби, или демонстрации со традиционално оружје, или демонстации на самоодбрана, три категории во светот на боречките вештини, каде изминатите четири години, доминираме со просек од над 2 медали по натпреварувач, и секогаш сме меѓу првите три држави по бројност на освоени медали.

Но тоа значи и одговорност. Секој поголем постигнат успех кај нас градира со уште поголем, па се наметнува обврската, секогаш да тежнееме кон поголеми цели и поголеми успеси. Иако тоа не е примарно. Успехот е резултат кој нас ни ја крунисува работата како професионалци, и е репер, каде ни е местото во светот на боречките вештини. Во моментов сме меѓу првите три, па како сме мала земја, и се се реализира со самофинансирање, лично сум задоволен. Останува на оној, кому тоа е работа, да стави прст на глава и помисли што ако Македонскиот тим не броеше 25, туку 50 натпреварувачи, колку во основа го сочинуваат на годишно ниво тимот за натпревар, кој ги брани боите на Република Македонија. Но не сите успеваат да соберат доволно финансиски сретства.” – изјави Златко Неделковски, основач на академијата и шеф на македонската делегација во светските организации.

“Сакавме да направиме ретроспектива, прво затоа што тоа го правиме редовно, веќе 35 години колку што постоиме. Второ, да делува мотивационо, затоа што се што гледате е освоено со многу работа и труд, но и лична пожртвуваност, не само на натпреварувачите, туку и нивните семејства, кои учествата на натпревари го самофинансираат. Никогаш за колега спортист нема да кажам лош збор, но во Македонија институциите кои треба да се грижат за спортот, имаат некој чуден поглед на тоа што е постигнат успех, и тоа до некое ниво не деградира. Се глорифицираат спортовите од првата тројка, фудбал, кошарка и ракомет и тоа е во ред, но боречките вештини по сите параметри се најнаградувани и најврeднувани, не само на регионално и Европско, туку и на Светско ниво, и тоа некому треба да биде јасно. Ние можеме и вака. Но не секогаш, цел Македонски тим е во можност да партиципира на натпревар. Притоа, живеема во мала држава, па со право и нашите натпреварувачи, иако во дел се јуниори, ни го поставуваат прашањето, зошто го немаат истиот третман како и нивните колеги. Но тоа е прашање, на кое ни ние немам одговор. Иако спортистите меѓусебно се согласни дека секој успех мора идентично да се вреднува. ” – изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Македонскиот натпреварувачки тим.

Академијата “ЗА НЕД ДО” ја очекува работна есен и зима 2017-та. Како се официјални претставници за повеќе светски организации, до сега се поканети да ја претставуваат Македонија на светските првенства и купови кои ќе се одржат во Грција, Белорусија, Италија и Гермнанија. Очекувањата се едно, можностите и подготвеноста нешто друго, финансискиот аспект е тој што ќе одреди каде се ќе може да се бранат националните бои на Македонија.

Срцето на Скопје ќе чука во ритамот на УЕФА Супер Купот

Неколкумесечните подготовки на Град Скопје за УЕФА Супер Купот се ближат кон својот крај. Денес Град Скопје, УЕФА, нејзините партнери и ФФМ почнаа со своите подготовки во „неутралната фан зона“ на плоштад „Македонија“ во Скопје. Супер Купот ќе се игра помеѓу двата најуспешни европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Нема ниту еден играч во овие два тима кој не сака да го подигне престижниот трофеј.

Град Скопје во соработка со УЕФА и ФФМ го започна уредувањето на градот во пресрет на долгоочекуваниот натпревар со поставување на билборди и мегалајти по што на 26 јули силно светна и скопското Кале во боите на Супер Купот. Ова беше само предвесник за сето тоа што ќе се случува во фан зоните и што ќе кулминира на големиот натпревар. Во тек се поставувањата во самите зони, најмногу во „неутралната фан зона“ каде сите активности ќе се реализираат. Останатите две зони, платото пред спомен куќата на „Мајка Тереза“ и плоштад „Филип Втори“ ќе служат како точки за средба од кои навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе тргнат кон националната арена „Филип Втори“.

„Неутралната фан зона“ ќе биде отворена на 7ми и 8ми август и овие два дена ќе функционира од 11.00 до 19.00 часот. Во оваа фан зона ќе бидат изложени трите трофеи на УЕФА, трофејот на Лигата на шампионите, трофејот на Лига Европа и Супер Купот, и секој посетител ќе ја има можноста да се фотографира со истите. Тие ќе бидат поставени на 7ми август, од 11.00 до 19.00 часот, и 8ми август од 11.00 до 16.00 часот. Поставувањето на трофеите е дел од „Трофеј турата“ организирана од страна на ФФМ во склоп на која млади момчиња и девојчиња од цела Македонија се натпреваруваа да дојдат до финалните дуели кои ќе се одиграат на грасрут игралиштето кое ќе биде поставено во „неутралната фан зона“. Под сјајот на големите УЕФА трофеи момчињата ќе ги одмерат силите на 7ми од 11.00 до 13.00 часот, а девојчињата во исто време на 8ми август.

Во зоната се поставуваат и уредуваат местата определени за 1 на 1 фудбал, шутирање пенали, фудбалски тенис и freestyle фудбал додека за освежување и други активности ќе се погрижат партнерите на УЕФА Pepsi, Heineken, MasterCard и Nissan. Интересно е што експерти во freestyle фудбал од Франција ќе ги покажуваат своите способности и ќе ги подучуваат заинтересираните. Секој ќе може да им се придружи и да научи нешто ново и забавно.

Покрај многубројните активности во „неутралната зона“ ќе биде поставена голема бина каде на 7ми DJ Branchez,DJ Mats, ContruDJи Симона Попоска, а на 8ми DJ Bobi, DJ Dela, BrassBrothers и Сара Мејс ќе ги забавуваат присутните.

Град Скопје очекува десетици илјади посетители и за таа цел се погрижи да најголемиот дел од нив бидат информирани за знаменитостите на Скопје преку промотивно видео и голем број на брошури.

Со нетрпение се очекува кулминацијата на 8ми август и затоа Град Скопје цели во тоталност да го долови духот на овогодинешниот Супер Куп.

Барселона сонува за ново чудо, но Јувентус не е ПСЖ

Прочитај повеќе

“ЗА НЕД ДО” пак го собра “златото” од Солун, за Македонија освоени 20 златни и 4 сребрени медали

Прочитај повеќе

ФИФА: Македонија на 162 место во светот

Прочитај повеќе

НБА: Само Кливленд победи на домашен терен

Прочитај повеќе