Радмила Шекеринска нема ни образ, ни кредибилитет да се обраќа на младите

Радмила Шекеринска нема ни образ, ни кредибилитет да се обраќа на младите, а уште помалку тоа да го прави од Битола – градот во кој на тие исти млади СДСМ прво им ги избрка од работа родителите, а потоа и им ги ограби преку ТАТ.

Радмила Шекеринска не само што е дрска туку и ја потценува интелигенцијата на младите битолчани, обидувајќи се да ги излаже и „купи“ со наводни нови мерки, за кои сите знаат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна ги воведе и ги спроведува.

Почитувана Радмила , вие веќе одамна го изгубивте образот да зборувате за планови, мерки и ветувања  дури и пред вашите млади социјалдемократи, кои одамна не ви веруваат. Дури и тие сфатија дека вашиот по којзнае кој пат даден збор не е ништо ништо повеќе од гол популизам и безуспешен обид за лицемерно додворување.

Да, на младите треба да им се обрне внимание и да им се обезбеди преспектива и услови за подобар живот, но ниту вие, Радмила , ни Заев ни СДСМ немате ни знаење, ни капацитет, ни реални објективни можности да направите нешто повеќе од празни нереални ветувања. Младите во Македонија добро знаат дека ВМРО ДПМНЕ е нивниот вистински партнер со кој заеднички, како и до сега ќе продолжат да работат на проектите за млади и да се справуваат со предизвиците.

Изјави: Пеце Милевски – член на Советот на Општина Битола