СПРОВЕДУВАЊЕ НАЦИОНАЛНА КАМПАЊА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ЕКОЛОШКОТО ИСТРАЖУВАЧКО НОВИНАРСТВО

Центарот за Еколошка Демократија Флорозон ја започнува националната кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство преку одржување на повеќе промотивни активности во градот Битола.
Промотивниот настан ќе се одржи на 23.11.2016 на плоштадот Магнолија со почеток во 11:30 минути и истиот предвидува поставување на информативен штанд на кој ќе се делат летоци со информативна содржина, организирање на трибина на правниот факултет при универзитетот св.Климент Охридски и гостување на локалнитте медиуми УКЛО ФМ и ТВ Орбис.

Настанот се организира во рамките на проектот “Развој на еколошко исражувачко новинарство“ се спроведува во соработка со Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ од Скопје, а е поддржан од Европската Унија преку Инструментот за поддршка на граѓанското општество, Акција 2014 за градење на капацитети на граѓанските организации и слобода на медиумите.