Попоски: Македонија е подготвена за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи, Никола Попоски присуствуваше на работен појадок со амбасадорите на земјите – членки на Европската Унија.

Појадокот го приреди словачкиот амбасадор во Република Македонија Мартин Безак, во својство на актуелен претседавач со Советот на Европската Унија.

Министерот Попоски ја истакна заложбата за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Осврнувајќи се на содржината на овогодинешниот Извештај на Европската комисија, истакна дека Република Македонија ќе биде фокусирана на адресирање на препораките во насока на постигнување на значителен напредок со цел придвижување на евроинтегративниот процес.

Исто така брифираше за подготовките за реализирање на предвемените парламентарни избори во декември оваа година. Воедно, го истакна очекувањето за успешно одвивање на изборниот процес.