Коцијас: Атина и Скопје направија позитивни чекори и имаат пријателски односи

Шефот на грчката дипломатија Никос Коцијас порача дека Атина и Скопје имаат позитивни односи и дека двете земји направиле неколку позитивни чекори, како што се мерките за градење на доверба, пренесуваат грчките медиуми.

„Дипломатите од двете страни прават значајна и голема работа, и дури ќе кажам дека е толку интензивна, како со никоја друга земја. Сега правиме гасовод од Солун до Скопје, ќе се направи нова железничка линија од Лерин до Битола“, изјави Коцијас по средбата со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер во неделата во Атина.

Грчкиот министер, исто така, додаде дека двете земји воспоставиле и соработка меѓу универзитетите, полицијата и размена на информации