Дошол на гости кај тeтка му и починал

Маж на возраст од 46 години, дошол на гости кај тетка му пред две недели, но во неделата утрото починал.

Имено, лекар од домашна посета пријавил дека, во неделата околу 10 часот на линијата 194 им се јавило непознато лице и пријавило дека во стан на бул. „Видое Смилески Бато“ има починато лице.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот каде од страна на лекар во 10.05 часот била констатирана смрт на Д.Ц.(46). Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил извршен разговор со Љ.К. (72), со стан на наведената адреса, тетка на Д.Ц.

Притоа, било констатирано дека истиот пред две недели дошол да престојува кај неа.

Откако во 08.40 часот почнал да му ѕвони алармот од телефонот, таа се обидела да го разбуди, но забележала дека не давал знаци на живот, по што веднаш повикала Брза помош.

За настанот известен бил и Јавен обвинител, по чија  наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.