Неименуван кинески клуб му нуди на Тевез 40 млн евра годишна плата

Фудбалерот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез, би можел да стане најплатениот играч во светот, доколку во зимскиот преоден рок ја прифати понудата на еден кинески клуб.

Тевез минатата година се врати во Аргентина, во тимот на Бока Јуниорс и успеа да му помогне на тимот да ја освои шампионската титула.

Во изминатиот период неколку кинески клубови го контактираа Тевез, а минатата година тој ја одби понудата на Шангај од 24 милиони евра годишно.

Шпанските медиуми пренесоа дека еден кински клуб на 30-годишниот напаѓач му нуди годишна плата од 40 милиони евра. Доколку ја прифати понудата, Тевез ќе стане фудбалер со најголема плата.

Тевез кариерата ја започна во Бока во 2001 година, а по три години се пресели во бразилски Коринтијанс. Европската авантура ја започна во 2006 година, во Премиерлигата играше за Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, а во 2013 година стана член на Јувентус.