Борисов: Случувањата во Македонија го потенцираат значење на политичката стабилност

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во неделата истакнал дека последните случувања во Македонија го потенцираат значењето од политичката стабилност и дека како соседна земја, Македонија е од големо значење за Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.

„Бог да ги прости убиените полицајци. Уште еднаш разбирате колку е важно да се има политичка стабилност. Македонија ни е многу важна. Службите постојано известуваат за ситуацијата. Сега е мирно. Ја искажавме позицијата во Министерството за надворешни работи. Се надевам дека државата ќе ја земе состојбата во свои раце и ќе ја регулира. Сум дал пример околу тоа што се прави, ако има недоверба поради една или друга причина, или мешање во една влада, потоа народот сам си ја враќа довербата“, изјавил бугарскиот премиер.

Според Борисов, до жртви во судирот во Куманово дошло токму поради тоа несогласувањата и проблемите во земјата./крај/мф/бс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.