Претседателот Иванов на средба со странски дипломати

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во понеделник ќе се сретне со амбасадорот на Соединетите држави Џес Бејли, шефот на Делегацијата на Европската унија Аиво Орав, шефот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција Омур Шолендил како НАТО контакт амбасадор.

 
Во соопштението од Кабинетот на претседателот се наведува дека средбата ќе се одржи во 10 часот.

Средбата на претседалтеот Иванов со дипломатите доаѓа по немилите настани во Куманово, каде во пресметнка со терористичка група, загинаа осум полицајци./крај/мф/бб

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.