Циц: Граѓаните да останат мирни, кризата да заврши со елиминација на вооружената група

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц во изјава за НОВА вели дека ситуацијата е драматична во градот, но апелира граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации.

„Апелирам до граѓаните да останат мирни, да сочуваат присебност, да не се вклучат во никакви групи заради етнички поделби, зошто сите контакти со политичките партии и граѓанските организации, особено албанските, велат дека никој не дава поддршка и кризата треба да се заврши со елиминација на оваа група и враќање на мир и спокојство на граѓаните во Куманово“, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц. /крај/нова

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.