ДС: Граѓаните да се обединат и да ги осудат нападите од терористите

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност,  да се обединат и да ги осудат нападите од терористите,  да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност.

„Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка  на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот  интегритет. Демократскиот сојуз апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања“, се вели во соопштението.

Од ДС очекуваат силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.