ДПА: Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации

Опозициската Демократска партија на Албанците (ДПА) апелираше во саботата на настаните во Куманово односно судирот меѓу полициските сили и поголема вооружена група во населба во кое доминантно е албанското население, до сите македонски граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и тврди дека Албанците не смеат да станат дел од „сценарија на поединци групи“ кои не се „совпаѓаат“ со нивните методи на решавање на проблемите.

„ДПА внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и во никој случај да не подлегнат на провокации“, се вели дека соопштението.

ДПА, во согласност со моменталната политичка позиција ма политичката сцена, во којашто е во опозиција, бара од Министерството за внатрешни работи, како и од другите владини институции кои се вклучени во оваа ситуација, со своите постапки „во никој случај да не ги загрозат животите и имотите на граѓаните“.

„ДПА има потенцијал и политичка способност да ги артикулира акумулираните незадоволства со политички методи, воедно и да ги заштити интересите на Албанците во Македонија“, се истакнува во соопштението

Од партијата на Мендух Тачи ги повикуваа Албанците „да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми.

Ги повикуваме меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи натамошна ескалација на ситуацијата, се вели во соопштението на ДПА./крај/мф/сн

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.