ОДРЖАНА 10-ТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ПЕЛАГОНИСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН‏

На 10-тата седница на Советот која се одржа на 26.05.2015 година, беа разгледани повеќе точки од дневниот ред како што се:

1.    Разгледување и усвојување на записникот од последната седница на Советот;
2.   Избор на Претседател на Советот за развој на Пелагониски плански регион;
3.     Разгледување и усвојување на Проектите кои ќе бидат аплицирани од Центарот за развој на Пелагонискиот регион на Јавниот повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година;
4.       Донесување на Одлуки за приоритет на проектите кои ќе бидат аплицирани на Јавниот повик од програмата за рурален развој за 2015 година;
5.       Информација за студиското патување во Италија;
6.       Информација за проектите од Бирото за регионален развој;
7.       Информација за проектите од ГИЗ;
8.       Разно.

За нов Претседател на Советот беше избран градоначалникот на Општина Ресен м-р.Ѓоко Стрезовски.  Досегашниот Претседател на Советот градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески на новиот Претседател му посака успешен мандат.

„  Сакам да му честитам на новиот Претседател на Советот на Пелагонискиот плански регион, да му посакам многу здравје, среќа, напорна и упорна работа и се надевам дека сето ова што го правевме досега, бидејќи имавме исклучително коректен однос и исклучително добра хармонија, без разлика кој градоначалник од која општина доаѓаше дали поголема дали помала општина, се надевам дека новиот Претседател тоа ќе го продолжи и ќе донесе некои новини кои за скоро ќе ги видиме. “- изјави градоначалникот Талески.