СООПШТЕНИЕ од Општина Битола

Почитувани сограѓани,

Деновиве сме изложени на силен притисок и бескрајно самоволие од невладината организација „ За нас се работи  “, која се обидува да изманипулира дел наши сограѓани, убедувајќи ги дека нивните активности се исклучиво од еколошка природа. Тие таканаречени “ екологисти “ го нагрдија нашиот град со нивните плакати и графити, кои повикуваат на протест со цел барање на оставка од градоначалникот.

Бидејќи од друга страна често ни се јавуваат групи на граѓани и поединци, уплашени од неразумните навреди, валкања, беснеења низ градот, обвинувања, а посебно загрижени од повикот за протест, чуствуваме одговорност да соопштиме дека има неколку укажувања за можна ескалација на таканаречените “ мирни протести “, што подразбира дека сегашното самоволие на невладината организација може да се претвори во инцидент.

Укажуваме на нашите граѓани на можни провокации и повикуваме на внимателност да не превземаат контра мерки, бидејќи начинот на дејствувањето на оваа организација која без никакви резултати зад себе, добила поддршка од СОРОС со 23 илјади долари – нема за цел чиста животна средина, туку директно политичко влијание на актуелната политичка ситуација, а целта е да се предизвикаат граѓански немири.