ОНА ја презеде одговорноста за нападот во Куманово

Ослободителната национална армија(ОНА) ја презема одговорноста за нападите врз македонските полициски сили во сабота наутро во Куманово.

„Во тековната борба за слобода и национално достоинство, силите на Ослободителната народна армија во раните утрински часови на 9 мај 2015 година, ја нападнаа македонската полиција, која со денови врши терор врз цивилното население“, се вели во Комуникето број три на ОНА, што го објави приштински Botasot.

Понатаму се додава дека акциите во иднина ќе станат уште пожестоки.

Засега нема официјална потврда за автентичноста на Комуникето, кое е потпишано од портпаролот на ОНА од Гостивар. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.