Иванов ја прекина посетата на Москва, ќе заседава и Советот за безбедност

Поради актуелната состојба во Куманово, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во саботата ја прекина работната посета на Русија и се враќа во земјата, информираат од кабинетот на претседателот.

Од таму е најавено и свикување на Советот за безбедност. За состојбата во Куманово Иванов во саботата утрото ги информирал Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, потоа рускиот претседател Владимир Путин, чешкиот претседател Милош Земан, како и останатите соговорници со кои македонскиот претседател остварил средби во Москва.

Иванов во Москва учествуваше на одбележувањето на 70-годишнината од победата на фашизмот, каде положи цвеќе пред споменикот на „Незнаениот јунак“, а присуствуваше и на свечениот прием приреден од страна на рускиот претседател Владимир Путин во Големиот дворец во Кремљ. /крај/мф/бс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.