ТХП: Оваа лоша режија ќе заврши со неуспех и вистината ќе победи!

Партијата Движење на Турците во Македонија (ТХП) ги повикува граѓаните на воздржаност и присебност, да не подлегнуваат на провокации кои имаат цел да ги нарушат меѓуетничките односи и да резултираат со човечки жртви.

„Само со рационални постапки, ладни глави и сплотеност може да се елиминираат сите црни сценарија“, се вели во соопштението од ТХП.

Партијата е убедена дека народот во Македонија без разлика на нивната етничка, религиозна или политичка припадност се заедно како никогаш досега.

„Апелираме до сите злонамерни дека овие мрачни конструкции нема да го обесхрабрат народот кој е одлучен да ја врати слободата и демократските вредности.  Оваа лоша режија ќе заврши со неуспех и вистината ќе победи!“, велат од ТХП. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.