Кристијано Роналдо: Гризман во шега ми кажа дека ме мрази

Кристијано Роналдо изјавил дека Антоан Гризман шегувајќи се во една прилика му рекол дека го мрaзи.

Португалецот открил дека со Гризман се сретнал непосредно по завршувањето на Европското првенство во Франција, во еден ресторан во Мајами.

„Непосредно по финалето, додека бев на одмор во Мајами, го сретнав Гризман во ресторан каде вечераше. Дојде до мојата маса и со насмевка ми рече: ‘Кристијано те мрaзам’“.

Инаку, во финалето на ЕП во Франција, Португалија славеше против домаќинот со 1:0 и ја освои титулата. Роналдо поради повреда мечот го напушти по 15 минути игра.

Според него Португалија ја освоила титулата, бидејќи Французите биле полни со самодоверба.