ВИДЕО:Џенова ќе го казни голманот кој го удри Несторовски

 

Палермо со неверојатен пресврт славеше над Џенова 4:3, пресвртот го комплетираше Трајковски во 90.минута, а мечот го обележа и инцидентот кој домашниот голман Перин го предизвика на истекот на судиското надополнување.

Голманот на Џенова од неразбирливи причини го туран напаѓачот на Палермо, Несторовски, поради штп доби црвен картон. Перин ќе биде казнет од Дисициплинската комисија при италијанскиот Фудбалски сојуз, но тоа нема да биде единствената казна со која ќе се соочи поради инцидентот кој го рпедизвика.

Казна за голманот најави и тренерот на Џенова Иван Јуриќ.

„Можам да разберам дека имаше тензии, но Перин е професионалец и направи сериозна грешка. Ќе биде казнте“, изјавил тренерот на Џенова за Mediaset Premium.

Палермо во Џенова ја забележа само втората победа во сезоната, откако успеа во последните 25 минути да постигне три гола и негативата од 3:1 да ја претвори во победа 3:4.