ВИДЕО:Пресметка на хулигани во Севилја, фан на Јувентус прободен со нож

Севилја и Јувентус во вторник го играат дуелот од петтото коло, во Х групата, во Лигата на шампионите, а на дуелот го „најави“ жестоката навивачка пресметка, во која потешко бил повреден еден фан на италијанскиот клуб.

Хулиганите на Севилја во понеделникот вечерта ги нападнале навивачите на Јувентус кои ден пред натпреварот пристигнале во градот.

Во тепачката тројца навивачи на Јувентус биле повредени, од кои еден бил прободен со нож и се здобил со тешки повреди.

За потсетување, навивачите на Јувентус беа нападнати во Загреб пред мечот со Динамо, а пред мечот Севилја – Динамо жестока тепачка имаше меѓу хулиганите на двата клуба.