Лавров: Киднапирањето руски војници на Крим е провокација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека украинската разузнавачка служба, за која вели дека киднапирала двајца руски војници на Крим, направила провокативен потег против руски граѓани на руска територија, јавува агенцијата ТАСС.

Додека Москва тврди дека руските војници биле киднапирани на Крим, Киев тврди дека тие војници се дезертери на украинската војска и дека се приведени на територија под контрола на Украина, пренесува Reuters.

„Сметаме дека тоа била незаконска провокација на украинските разузнавачи против руски граѓани на руска територија. Нашите служби за спроведување на закони сега се занимаваат со овој случај,“ рече шефот на руската дипломатија.

Агенцијата Reuters наведува дека припадниците на украинската служба за безбедност во понеделникот привеле двајца руски војници во близина на границата со Крим.

Лавров во вторникот истакна дека нема изгледи за нова министерска средба на ткн Нормандиска четворка, што ја сочинуваат Русија, Германија, Франција и Украина, бидејќи планот за Донбас, кој министрите на овие земји би требало да го одобрат, сé уште не е усогласен, додава ТАСС.

„Надворешнополитичките помошници на лидерите на Нормандиската четворка одржуваат постојани меѓусебни контакт. Меѓутоа, нов министерски состанок ќе зависи од план кој може да се одобри, а такон консензус сé уште нема на повидок,“ заклучи Лавров.