Мигрант убиен во масовна тепачка во Белград

Еден мигрант е убиен, а друг е ранет при улична пресметка во понеделник во центарот на Белград, јавуваат српските медиуми.

Полицијата уапсила петмина мигранти осомничени дека учествувале во тепачката и дека кај нив пронашла ножеви.

Убиениот мигрант е Авганистанец, а на него натрчала поголема група мигранти со ножеви и палки, кои започнале да го тепаат, а во мешаницата некој го прободел со ноќ.

Во моментот во Србија има 6.300 мигранти, повеќето сместени во центрите за азиланти.