Стејт департмент: Можни се терористички напади во Европа во текот на празниците

Ризикот од терористички напади е зголемен ширум Европа, особено за време на претстојните празници, предупреди во понеделникот американскиот Стејт департмент, пренесува NBC News.

„Граѓаните на САД треба да бидат внимателни на празнични прослави, фестивали и други настани на отворени места.  Нападите може да се случат со мало или без никакаво претходно предупредувње“, се наведува во соопштението.

Стејт департментот истакнува дека постојат кредибилни информации дека ткн. Исламска држава, Ал Каеда и нивни придружни организации продолжуваат со планирање терористички напади во Европа, пренесува Ројтерс

Терористите  веќе извршија напади во Белгија, Франција, Германија и Турција оваа година, но департментот предупредува на можноста за напади низ целиот континент.