Неонацистичка младина сее страв во Британија повеќе од џихадистите

Најновите бројки покажуваат дека во Велика Британија повеќе од 300 деца се спомнуваат како дел од неонацистичка група, поради што тамошната јавност повеќе стравува од младите „Хитлеровци“ отколку од исламските џихадисти, пишува британски Дејли мирор.

Податоците кои ги објави работната група за анти-радикализација, покажуваат дека повеќе од 300 деца кои се дел од радикална неонацистичка група, а меѓу нив дваесетина имаат само 10 години.

Порастот на екстремизмот е особено изразен на северот на земјата и во регионот Мидлендс, пренесува истиот извор.

Изминатите недели на бандерите во Ливерпул се појавија налепници со натпис „Влезете во зоната под контрола нацистите“. Според локланиот медиум, ова е дело на десно-ориентирана група „Национална акција“ која пропагира „бела Британија“.