Откриена фаронска гробница која потекнува од 3100 година пред новата ера

Во близна на египетскиот град Сохаг, археолозите откриле фаронска гробница и населби за кои се претпоставува дека датираат од 3100 години пред новата ера.

Махмуд Афифи, директор на секторот за древна египетска археологија изјавил дека за време на археолошките ископувања во древниот град Абиос, каде бил истражуван периодот кој му претходел на владеењето на кралот Собекхотеп I, пронашле нова фараонска гробница.

Гробница била откриена во подрачје, за кое се археолозите, претпоставуваат дека некогаш било место каде што живееле работниците кои работеле на изградбата на гробницата на првиот крал, бидејќи биле пронајдени и предмети кои биле корситени во секојдневна упортеба.

Фактите кои се новооткриени можат да дадат уште една информација за египетската историја во градот Абидос.

Овој антички град е еден од најпознатите археолошки локалитети во Еипет.