Откриена планета на која годината трае девет дена

Астрономи од Институтот за астрономија на Канарските острови откриле карпеста планета оддалечена од земјата околу 32 светлосни години, на која годината трае само девет денови.

Планетата која е наречена ГЈ536, поради својата големина влегува во колоквиалнна категорија – суперземја. Всушност се претпоставува дека нејзината маса е 5,4 пати поголема од Земјата, кружи околу ѕвездата наречена „црвеното џуџе“, а една година таму трае само 9 дена.

Ова планета, во моментов е единствената откриена во потенцијално поголемиот систем.

Истражувачот Алехандро Суарез Маскарењо вели дека вакви карпести планети често се ноѓаат во групи, особено околу ѕвездите од овој тип, научниците се сигурни дека можно е да најдат и планети кои се оддалечени од своето сонце и чија година трае најмалку 100 дена па дури и неколку години.