Категорија: Култура

СО ШИРОК СОКАК ВО БЕЛО ВО САБОТА ЗАВРШУВА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО БИТ ФЕСТ

Прочитај повеќе

ВИДЕО: „БИТОЛСКИТЕ КАФИЧИ НИЗ ВРЕМЕТО“ – ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Прочитај повеќе

Забрањено пушење и Conquering Lion – главни ѕвезди на фестивалот Битола отворен град 2017

Оваа година главни ѕвезди на големата сцена на Широк Сокак во рамките на фестивалот “Битола Отворен град 2017” се култниот сараевски рок бенд “Забрањено пушење” и  македонските реге предводници “Conquering Lion”. 

Двете групи ќе настапат во среда на 28 јуни, со почеток во 21 часот на Широк сокак во Битола, во рамките на главниот музички хепенинг на фестивалот, во организација на Младинскиот културен центар-Битола.

Со гостувањето во рамките на овој меѓународен фестивал “Забрањено пушење”, премиерно настапуваат во Битола. Публиката, која традиционално во голем број го посетува фестивалот, ќе има можност да го проследи настапот на овој реномиран бенд формиран во 1980 година од неколку сараевски гимназијалци. Нивниот прв албум е издаден во 3.000 примероци, но заради преголем интерес е реиздаден и продаден во дури 100.000 примероци. Во 1984 година, групата за прв пат тргна на голема турнеја низ тогашна Југославија по што стана една од најголемите брзорастечки југословенски музички атракции.

Низ годините оригиналните членови заминуваа, а на нивно место доаѓаа нови, но “Забрањено пушење” беше и остана еден од најголемите бендови на Балканот. Нивните концерти ги посетува бројна публика, а нивните албуми се продаваат во тираж од стотици илјади примероци. Досега имаат снимено девет студиски албуми. Со нивните експлозивни настапи, легендарните “Забрањено пушење” одамна го носат епитетот на бенд кој што мора да се види во живо.

Македонскиот реге бенд “Conquering Lion” годинава одбележува 10 годишно успешно егзистирање на музичката сцена низ годините стекнувајќи голема популарност и на европската музичка сцена. Љубов, мир и разбирање е пораката која веќе една деценија ја пренесуваат преку реге музиката во која вметнуваат и модернистички елементи, комбинираат фанк и хип хоп.

Досега имаат настапувано со големи реге имиња како што “Gentleman”, Ras Zacharri, Donald Minott, Hornsman Coyote и други. Во фокусот на публиката во моментот е нивниот најнов, четврт по ред, студиски албум “Land of confusion”. Албумот содржи девет песни во комбинација на жанровите реге, њу рутс и даб.

Сите настани на фестивалот “Битола отворен град” ќе се одвиваат на отворено и без влезници, со што енергијата на  “Забрањено пушење” и  “Conquering Lion” ќе стигне до поширока публика. 

Фестивал на Монодрама Битола

19-тиот по ред, Интернационален фестивал на монодрама Битола, започнува на 5 мај и ќе трае до 9 мај. На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество ќе земат монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Брачна игра“ на авторот Едвард Олби. Режијата е на Тони Михајловски, а играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Наградата Гран-при ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се:актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски.

Фестивалот ќе биде затворен со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“.

И оваа година, Министерството за култура го поддржа Фестивалот на монодрама Битола.

Битолскиот театар со огромен успех гостуваше во Санкт Петербург

Прочитај повеќе

НОВА КНИГА ОД ПИСАТЕЛОТ ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

Прочитај повеќе