ДОМ: Институциите брзо и ефикасно да се справат со безбедносните закани

ДОМ изрази длабока загриженост за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани.

„Бескрајно жалиме за жртвите на овие насилни дејствија. Ова е многу опасна ситуација, независно кој стои зад престрелките и сите треба да придонесеме да се спречи натамошна ескалација“, порачуваат од ДОМ..

Партијата апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до меѓуетничка нетрпеливост и судири. /крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.