ЕУ апелира македонските граѓани да останат смирени

Делегацијата на Европската унија во Македонија внимателно ги следи извештаите за полициската акција која се одвива во моментов во Куманово, а којашт преминала во размена на оган, стои во кусото соопштение од ЕУ.

„Се надеваме дека ќе биде избегната ескалација на тензиите“, се истакнува во соопштенеито на допломатската мисија на ЕУ во Скопје.
„Остануваме во контакт со надлежните органи и полициските служби“, се додава во сооптението ат од Делегацијата на ЕУ.

Апелираат граѓаните и политичките фактори да останат смирени и да ги почекаат официјалните информации од релевантните надлежни органи./крај/мф/бс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.