САД: Граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите

Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени, се вели во соопштението на Американската амбасада во Скопје.

„Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, порачуваат од Амбасадата./крај/мф/ст

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.